Кинескиот TikTok не е во функција за корисниците во САД, пренесоа светските агенции.
Апликацијата повеќе не е достапна на Apple и Google.
На корисниците им се прикажува порака во која се наведува дека услугите на TikTok се недостапни.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за тримесечно одложување на забраната за TikTok, по преземањето на функцијата утре.
Кина и САД се економски и геополитички ривали, а фактот дека TikTok е во кинеска сопственост ги загрижува американските власти со години.