Шефот на израелската армија поднесе оставка

Шефот на израелската армија поднесе оставка

пред 17 часа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Херзи Халеви, денеска поднесе оставка, наведувајќи ја својата одговорност за безбедносните пропусти на 7 октомври 2023 година кога исламистичкиот Хамас изврши брутален масакр на 1.200 луѓе и зеде 250 луѓе како заложници од Израел.

Во писмото за оставка Халеви призна дека армијата под негова команда „не успеала во својата мисија да ја брани државата Израел“.

„Препознавајќи ја мојата одговорност за неуспесите на војската на 7 октомври и во време кога војската бележи значајни успеси на сите фронтови и е во тек нов договор за ослободување на заложниците, барам да бидам ослободен од мојата должност на 6 март , 2025 година“, вели генералот Халеви во својата оставка.

Халеви (57), кој е началник на Генералштабот на вооружените сили од декември 2022 година, напиша дека „40 годишната работа да ја заштити државата Израел е мисија на неговиот живот“.

„Но, рано наутро на 7 октомври, армијата под моја команда не успеа да ги одбрани граѓаните на Израел. Мојата одговорност за тој ужасен неуспех ме следи секој ден од тогаш и ќе ме следи до крајот на мојот живот“, додаде.

Војската најави и оставка на воениот командант за јужниот регион, генерал Јарон Финкелман. Шефот на разузнавачката служба, генерал Арон Халива, поднесе оставка во април 2024 година.

Текстот Шефот на израелската армија поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top