28-годишен Авганистанец нападнал група деца од градинка во парк во Ашафенбург, Баварија. Нападот го извршил со нож, а убил двегодишно момче од Мароко и 41-годишен маж кои му се спротивставиле. Тој ранил двегодишно девојче од Сирија во вратот и случаен минувач (61) во градите. Воспитувачката паднала додека трчала и си ја скршила раката. Повредените не се во животна опасност, пишуваат германските медиуми.
Властите велат дека напаѓачот дошол во Германија во ноември 2022 година и не добил азил и требало да биде депортиран. Во декември и самиот кажaл дека ќе ја напушти Германија, но останал. Тој и претходно и бил познат на полицијата за најмалку три случаи на насилство, а потоа бил упатен на лекување, пренесуваат тамошните медиуми.
Канцеларот Олаф Шолц го коментираше нападот, велејќи дека станува збор за „терористички чин“.
Текстот Авганистанец со нож нападнал група деца од градинка во парк: требало порано да биде депортиран од Германија е превземен од МАКФАКС.






