Се урна авион во Јужен Судан, 18 загинати

Се урна авион во Јужен Судан, 18 загинати

пред 1 година

Авион со 21 патник и членови на екипажот се урна денеска во државата Унити, Јужен Судан, при што загинаа 18 лица, јави Радио Мираја, кое работи како дел од Мисијата на Обединетите нации во Јужен Судан (УНМИСС), пренесе „Ројтерс“.

Според извештајот, авионот полетал од нафтено поле на северот на земјата пред да се урне. Дополнителни детали за несреќата сѐ уште не се објавени, а министерот за информации Мајкл Макуеј не одговори веднаш на барањата за коментар. Јужен Судан, погоден од повеќегодишни конфликти и нестабилност, имаше неколку авионски несреќи во последните години.

Во септември 2018 година најмалку 19 лица загинаа кога мал патнички авион се урна на летот од главниот град Џуба до градот Јирол. Во 2015 година десетици луѓе ги загубија животите кога руски товарен авион со патници се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Џуба.

Воздушните несреќи во земјата често се поврзуваат со лошата инфраструктура, недостатокот на безбедносни стандарди и старите авиони, кои сè уште се користат.

Текстот Се урна авион во Јужен Судан, 18 загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top