Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

пред 5 дена

Премиерот Христијан Мицкоски се оврати на одбележувањето на почетокот на работењето на Институтот за извоз.

„Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. И тука нема ништо лошо, нити пак нешто чудно.

Јас мислам дека само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни, добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука, од регионот, заедно со нашата најголема комора, би рекол. На тој начин ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за сето она коешто претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека, а и тоа го кажав, во моето обраќање на првиот настан дека, ценам дека полека но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари.

Така што, уште еднаш нека е честит денот, нека е за аирлија овој клуб, овој Институт за извоз и следниот пат кога ќе се собереме да имаме нови бројки кои што ќе бидат многу поголеми во насока на извоз и поголеми проценти раст на македонската економија, генерално“, изјави Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top