Алармантен инцидент се случил во полициско училиште во Романија кога таванот од спалната соба се срушил врз ученик додека се подготвувал за спиење, пренесуваат медиумите во регионот.
Младиот човек не добил сериозни повреди.
За овој настан извести синдикатот „Европол“, кој на својата фејсбук-страница објави видео на кое се гледа лошата состојба со инфраструктурата на институцијата.
Претставниците на синдикатот посочија дека реновирањето во училиштето е неквалитетно и го критикуваа ангажирањето фирми што имаат корист од јавните договори поддржани од политичарите.
„Реновирање за еднократна употреба во полициското училиште ‘Василе Ласкар’ во Кампина. Таванот падна врз главата на ученик додека се подготвуваше да спие. Проклетството на државните компании, кои добиваат јавни договори со поддршка од политичарите, нè следи насекаде “, се вели во описот на видеото.
„На студентите во иднина ќе им бидат обезбедени заштитни шлемови за да се осигури дека неколкуте млади луѓе што сè уште сакаат полициска кариера ќе дипломираат во образовните институции на полицијата здрави и живи“, се вели во пораката објавена на интернет од Европол.
Инцидентот предизвика загриженост кај оние што тврдат дека лошата инфраструктура може да ја загрози безбедноста на учениците, а од властите се очекува да преземат итни мерки за подобрување на ситуацијата.
Текстот Таван падна врз глава на ученик: инцидент во училиште во Романија е превземен од МАКФАКС.






