(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија, протестот продолжува кон Обвинителството

(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија

пред 12 часа

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.

Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.

„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.

Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.

Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.

Текстот (Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top