Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот од Каласлари до  Градско

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот од Каласлари до Градско

пред 1 ден

Поради случена сообраќајна незгода, регионалниот пат од Каласлари до населба Градско е затворен за сообраќај од 14 часот, односно сообраќајот се пренасочува по автопатот Велес – Градско.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот од Каласлари до Градско е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top