Хенес: Прелесно се откажавме од Нагелсман

Хенес: Прелесно се откажавме од Нагелсман

пред 1 ден

Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес смета дека клубот прерано се откажал од тренерот Јулијан Нагелсман.

Нагелсман нецели две сезони ги предводеше Баварците. Во рпвата ја освои двојната круна, втората не ја заврши бидејќи доби отказ на 24.март 2023 година. Неколку месеци подоцна тој стана селектор на Германија.

„Отпуштањето на Нагелсман беше голема грешка, со која бордот на директори не се согласи, мислеа дека е премногу рано. Тоа предизвика турбуленции во клубот во време кога сè уште можевме да ја освоиме тројната круна. Ситуацијата не беше катастрофална. Знаевме што можеше да се случи ако на Јулијан му дадевме шанса на подолг рок. Посакувам клубот подобро да се справи во таа ситуација, да покажеше поголемо трпение“, рече Хенес.

Хенес верува дека не е нормално да се зборува за освојување три трофеи секоја сезона.

„Чувствувам дека Баерн сега е постабилен отколку во последните неколку години. Целиот овој разговор за освојување на тројната круна е глупост. Најважно е да се освои германското првенство. Видете, Дортмунд мина понатаму во Лигата на шампионите, а никој не зборува за тоа. Причината е што тие заостануваат 22 бода зад нас во Бундеслигата. И луѓето ми се смееја кога во ноември реков дека Дортмунд не е наш кандидат за титулата. Тогаш имаа 12 поени помалку од нас, а сега се на 22. За мене домашното првенство е мерило за сите работи: ако се освои титулата, сезоната е успешна“, изјави Хенес.

Share
Scroll to Top