Учителка од училиштето во Шведска: Слушнав истрели, видов како ги извлекуваат ранетите

Жена сведочи за масакрот во Шведска: Младо момче крвареше многу, му врзав шал околу рамениците

пред 19 часа

Марва, ученичка која го посетува училиштето за возрасни во Шведска, каде се случи нападот, ги опиша првите моменти по пукањето.

„Младиот човек до мене беше застрелан во рамото. Обилно крвареше. Кога погледнав зад мене, видов тројца луѓе на подот како крварат. Сите беа во шок, велеа ‘Бегај надвор’. Јас и мојот пријател се обидовме да спасиме живот на една личност. Луѓето беа многу вознемирени. Полицијата не беше на местото на настанот, ниту пак брзата помош, па моравме да помогнеме“, објасни таа.

„Го земав шалот на мојот пријател и цврсто го врзав околу рамото на ранетиот млад човек за да не крвари толку многу“, нагласи таа.

Полицијата преетходно потврди дека смртно настрадале околу 10 лица, а убиен е и напаѓачот. Засега нема информации за мотивите за нападот.

Текстот Жена сведочи за масакрот во Шведска: Младо момче крвареше многу, му врзав шал околу рамениците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top