Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

пред 4 месеци

Уште едно пукање имаше синоќа во бриселската општина Андерлехт, во близина на метро-станицата Клеменсо. Најмалку едно лице е повредено.

Инцидентот се случил околу 3.30 часот, а сторителот употребил огнено оружје, потврдија бриселскиот обвинител Жулиен Моинил и градоначалникот на Андерлехт, Фабрис Кампс, во интервју за радио РТБФ.

„Едно лице е рането со куршум во ногата и пренесено во болница“, соопшти бриселското Овинителство. Веднаш по пукањето, на местото на настанот пристигнале истражители, федералната полиција и балистички експерт за да спроведат истрага.

Ова е втор инцидент за два дена во Андерлехт. За разлика од пукањето во средата, овој пат сообраќајот на метрото не беше прекинат иако еден влез во станицата беше затворен, соопшти бриселскиот јавен транспортен оператор СТИБ.

„Во последните 24 часа имаше три престрелки: две во Андерлехт и едно во Сен Жосе-тен-Нуд. Не знаеме со кого си имаме работа, но имаме двајца осомничени по кои моментно се трага“, рече Моинил. Тој додаде дека престрелките се поврзани со територијален конфликт меѓу неколку наркобанди.

„Уште колку смртни случаи ќе ни бидат потребни за да имаме одговор сразмерен на сериозноста на ситуацијата? Трговијата со дрога стана толку широко распространета, а парите вклучени во неа толку големи, што се водат војни“, рече тој.

Пред последното пукање Моинил веќе ги повикал шефовите на шесте бриселски полициски зони и правосудната полиција да побараат анализа и да утврдат кои се овие банди. Иако има одредени идентификации, „сѐ уште има многу неизвесности“, рече тој.

Во средата пукањето беше кај метро-станицата Клемансо во 6.15 часот. Снимката од надзорните камери, која сега кружи на интернет, покажува двајца напаѓачи вооружени со автоматски пушки од типот „калашников“ како отворено пукаат надвор од станицата пред да побегнат во метрото. Следуваше полициска потера во тунелите на бриселското метро, ​​но осомничените сѐ уште не се уапсени.

Текстот Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top