Русија спречи напад на Украина во областа Курск

Русија спречи напад на Украина во областа Курск

пред 1 година

Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска РИА Новости.

Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.

Украинските војници распоредија два механизирани баталјони на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници брзо го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле „сериозна штета“.

Текстот Русија спречи напад на Украина во областа Курск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top