Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник

Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник

пред 1 година

Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.

Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не дејствувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.

„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на татко ѝ“, вели Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот, за „Прототема“.

Во текот на прелиминарната истрага 34-годишната жена тврдела дека по расправијата што ја имала со својот партнер, тој паднал, си ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде што минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.

Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејства што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.

Текстот Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top