Трамп: Војната во Украина ќе заврши наскоро

Одбила да го нарече Мексиканскиот Залив „американски“: На агенцијата АП и е забранет влез во Овалната соба и претседателскиот авион

пред 1 година

Кабинетот на американскиот претседател објави дека на агенцијата Асошиејтед прес и е забрането влегување во Овалната соба и официјалниот авион на Доналд Трамп, до понатамошно известување, бидејќи одбила да го нарече Мексиканскиот залив „Американскиот залив“.

„Асошиетед прес продолжува да ја игнорира законската промена на географското име во Американскиот залив“, напиша заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа Тејлор Бадович во петокот на „Икс“.

Ако првиот амандман на американскиот Устав за слободата на говорот „го штити нивното право на неодговорно и нечесно известување, тој не им ја гарантира привилегијата на неограничен пристап до ограничените простори, како што се Овалната соба и Ер Форс 1“, нагласи тој.

Во иднина, овие простори ќе бидат отворени за илјадници новинари, а новинарите и фотографите на АП ќе продолжат да имаат акредитација за комплексот на Белата куќа, објасни тој.

АП објасни дека декретот за промена на името на Мексиканскиот Залив важи само во Соединетите Држави, додека Мексико и другите земји и меѓународни организации не го признале.

„Асошиејтед прес ќе го нарекува со неговото оригинално име, притоа признавајќи го новото име избрано од Трамп“, додава агенцијата.

Текстот Одбила да го нарече Мексиканскиот Залив „американски“: На агенцијата АП и е забранет влез во Овалната соба и претседателскиот авион е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top