Елена Ристеска: Грев е што солзите за покојниот татко ми ги искористија за лајкови

Елена Ристеска: Грев е што солзите за покојниот татко ми ги искористија за лајкови

пред 4 години

Уште кога пред речиси 20 години се појави на музичката сцена, поп-пејачката Елена Ристеска го сврте вниманието на јавноста. Денес, таа зад себе има многу хитови, песни, спотови, настапи, ама и секакви муабети поради кои не спие мирно. Тоа е цената на популарноста. Особено сега кога стана првата македонска пејачка што има своја козметичка линија и парфеми со својот потпис.

„Кога ја почнав приказната со парфемите, сфатив дека, освен пари и време, не можам да изгубам ништо. Парите ќе ги заработам пак, а времето може да ми донесе ново искуство“, вели Елена за својата козметичка линија „Ера“, и додава дека парфемите имаат повисока цена оти не се разликуваат од веќе докажаните брендови.

Приватниот живот на Елена секогаш е тема. Еднаш беше бракот, другпат наводната тепачка за неа во Аеродром, а сега изјавата за посвојувањето дете.

„Ние каква режисерка нација сме, тоа е чудо. Да се искористи моја слика, каде што низ солзи зборувам за мојот покоен татко, и да се залепи на изјава во која велам дека имам желба да посвојам дете ако некогаш не успеам да најдам идеален партнер, па зарем тоа не грев?!“, е само дел од муабетот со поп-пејачката.

Во студиото зборуваме за сè и сешто. Колкава е цената на популарноста, муабетите што ја погодуваат, вистината за мајчинството, во врска со партнерот и љубовта. Кому му е лута за извртените зборови, што ѝ велат дома најблиските, колку популарноста влијае на љубовниот живот, како е да се биде бизнисменка и дали се исплатеше работата со парфемите – за сето тоа во разговорот во студиото.

Александра Георгиев

Share
Scroll to Top