(Видео) Се урна градилиште на автопат во Јужна Кореја: тројца загинати, неколку повредени

(Видео) Се урна градилиште на автопат во Јужна Кореја: тројца загинати, неколку повредени

пред 1 година

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција Јонхап.

Деталите за несреќата не се познати, но радиодифузерот YTN објави снимка на која се гледа како се урива градба во Чеонан, јужно од главниот град Сеул.

Вршителот на должноста претседател Чои Санг-мок повика на мобилизација на целиот расположлив персонал и ресурси за да се спасат сите исчезнати лица и да се обезбедат мерки за да се спречи понатамошна штета, соопшти неговата канцеларија.

Текстот (Видео) Се урна градилиште на автопат во Јужна Кореја: тројца загинати, неколку повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top