Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

пред 1 година

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.

Адвокатот на  Љупчо Палевски покажа уплатница од Халк банка од 27.11.2023, две фотографии, „скриншот“ од „Фејсбук“, „скриншот“ од „Телеграм“, отпусно писмо од „Аџибадем Систина“ од 16.7.2020, ургенција до „Телеком“ од 16.9.2024 година. Тој го повлече барањето до „Улици и патишта“ од 20.8.2024 за движењето на возилото „фиат добло“ бидејќи добиле одговор од јавното претпријатие дека не чуваат записи повеќе од 30 дена. Со ова адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.

„Баравме запис од надзорните камери на Халк банка од 27.11.2023 за периодот од 10 до 12 часот за да утврдиме кога Палевски влегол во банката. Доставуваме уплатница за извршена уплата од Палевски во 11.40 часот. Палевски двапати се враќал во банката, во експозитурата во Буњаковец, на „Партизански одреди“, поради уплатницата“, рече адвокатот на Палевски.

Текстот Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top