Намалување на цената на дел од горивата

Намалување на цената на дел од горивата

пред 10 месеци

Регулаторната комисија за енергетика објави нови малопродажни цени на горивата, со намалување на цените на бензините, додека дизелот и другите нафтени деривати остануваат непроменети.

Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари по литар, достигнувајќи 75,00 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,00 денари по литар, со што неговата нова цена изнесува 77,50 денари за литар.

Од друга страна, цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот М-1 НС остануваат непроменети во однос на претходната одлука од 6 март 2025 година. Така, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе се продава по 72,00 денари за литар.

Текстот Намалување на цената на дел од горивата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top