Нова снимка го покажува моментот кога товарниот брод „Солонг“ се судрил со американскиот танкер за нафта Stena Immaculate во Северното Море кај источниот брег на Англија, пренесува „Скај њуз“.
Танкерот носел гориво Jet-A1 за американската морнарица како дел од американската владина програма дизајнирана да ги снабдува американските вооружени сили со гориво кога е потребно. Британските власти соопштија дека во моментот нема докази дека несреќата била резултат на каква било злонамерна активност.
Капетан Солонга, руски државјанин, е уапсен под сомнение за убиство од небрежност. Остатокот од екипажот го сочинуваа руски и филипински државјани. Полицијата во Хамберсајд потврди дека истражителите почнале кривична истрага за причините за судирот и дека работат со Агенцијата за поморска и крајбрежна стража.
Инаку, танкерот бил закотвен во моментот кога бил погоден од товарен брод кој бил помал од него. Првично се стравуваше дека „Солонг“ превезува натриум цијанид, но подоцна беше потврдено дека четири контејнери со опасната хемикалија биле отстранети од бродот пред да се случи судирот.
Едно лице, член на екипажот на „Солонг“, останува исчезнато и се претпоставува дека е мртво. Крајбрежната стража спасила 36 лица кога алармот бил вклучен во понеделникот во 9.48 часот. „Солонг“ беше одвлечен на безбедно место, а Stena Immaculate остана закотвена на првобитната локација.
Текстот (Видео) Снимен моментот на судирот на товарниот брод и танкерот во близина на Англија е превземен од МАКФАКС.






