Трамп: Зеленски не е доволно важен за да биде на преговорите

Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да им ги поштеди животите на украинските војници во Курск

пред 9 часа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, тврдејќи дека има големи шанси на оваа ужасна, крвава војна конечно да и’ дојде до крајот.

Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, барајќи од рускиот лидер да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени од руските сили.

„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши.

„Но во овој момент, илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлива состојба. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“, рече Трамп.

Текстот Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да им ги поштеди животите на украинските војници во Курск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top