За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград

За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград

пред 2 дена

Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада утринава најавија дека локацијата на протестот во 16 часот се менува и дека се сели од пред зградата на Народното собрание – на плоштадот Славија.

„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.

Текстот За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top