(Видео) Калифорниските власти повлекоа 395 пожарникари од затвор за да помогнат во гаснењето на шумските пожари

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

пред 1 година

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.

Сите пожари започнаа од стрништа, земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично, информираа утрово од ЦУК.

Од почетокот на месецов заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери.

Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта.

 

Текстот За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top