80.440.060,00 денари исплатени од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

80.440.060,00 денари исплатени од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

пред 12 месеци

Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

„Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за:

– подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници;

– подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник.

Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско производство за:

– подмерка 2.1 за обележани женски говеда исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници;

– подмерка 2.8 за обележани овци исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници.

Вистинската грижа кон земјоделецот ја покажуваме на дело“, посочија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Текстот 80.440.060,00 денари исплатени од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top