Американската министерка за домашна безбедност, Кристи Ноем, објави видео на социјалните мрежи снимено во контроверзниот голем затвор во Ел Салвадор. Таа им се заблагодари и на земјата и на нејзиниот претседател што ги примиле терористите и ги затвориле.
Министерката Ноем го посети затворот во кој американските власти неодамна депортираа 238 Венецуелци.
Додека таа зборуваше, во ќелијата зад неа можеа да се видат десетици полуголи и тетовирани салвадорски членови на бандите MS-13 и 18th Street.
Посетата покажува дека претседателот Трамп не планира да отстапи од својата имиграциска политика и покрај судската забрана потврдена од апелацискиот суд спречувајќи ја депортацијата на Венецуелците од американска почва според Законот за непријателските странци од 1798 година.
I toured the CECOT, El Salvador’s Terrorism Confinement Center.
President Trump and I have a clear message to criminal illegal aliens: LEAVE NOW.
If you do not leave, we will hunt you down, arrest you, and you could end up in this El Salvadorian prison. pic.twitter.com/OItDqNsFxM
— Secretary Kristi Noem (@Sec_Noem) March 26, 2025
„Ова е една од алатките со кои располагаме“, го опиша Ноем затворот како една од достапните алатки.
„Ова е една од последиците што можете да ги очекувате доколку нелегално влезете во нашата земја“, додаде.
За време на престојот таа ќе се сретне со претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го основа Центарот за притвор на терористите (Cecot) како дел од сопствената кампања против криминалните банди во Ел Салвадор.
Претседателот Букеле им понуди на САД да држат депортирани и затвореници во Цекота за време на неодамнешната посета на американскиот државен секретар Марко Рубио на оваа централноамериканска земја.
Овој потег предизвика жестоки критики во САД и Венецуела, при што многубројни семејства на депортираните инсистираа дека членовите на нивните семејства немаат врски со ниедна банда.
Текстот (Видео) Министерката на Трамп од затворот во Ел Салвадор: „Ги затворивте терористите, ви благодарам“ е превземен од МАКФАКС.






