Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка, порачуваат од СДСМ

Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка, порачуваат од СДСМ

пред 1 година

Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога, велат од СДСМ.

„Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него.
Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани.
Мицкоски го гледавме на слики како седи на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра“, истакнуваат од опозициската партија.

За разлика од цело ДПМНЕ, Јон Фрчкоски, како што нагласуваат, си поднесе оставка и се повлече од позицијата.

Според СДСМ, ДПМНЕ и Петрушевски се последните кои можат да ја прозиваат СДСМ.

Текстот Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка, порачуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top