Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

пред 2 недели

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.

„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.

Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.

Текстот Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top