Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот лист на Филипче, не криел податоци

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот лист на Филипче, не криел податоци

пред 1 година

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот анкетен лист на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче.

По проверките во Катастарот, Централниот регистар, МВР, УЈП и повеќе банки, утврдиле дека анкетниот лист на Филипче бил целосен и нема прикривање податоци за имот.

Антикорупциската комисија лани ја отвори постапката за проверка на имотниот лист на опозицискиот лидер. Претходно, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека имотниот лист на претседателот на СДСМ бил поголем и тој имал повеќе станови сега како пратеник отколку претходно кога беше министер за здравство. Становите не ги пријавил кога требало и најавија дека ќе поднесат претставка до антикорупциската комисија.

Текстот Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот лист на Филипче, не криел податоци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top