Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а во тек се претреси на осум локации.
„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција“, информираа од Обвинителството.
По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.
Текстот Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата е превземен од МАКФАКС.






