Трговците бараат продолжување на рокот за објавување на цените онлајн

Трговците бараат продолжување на рокот за објавување на цените онлајн

пред 4 дена

Стопанската комора на трговци на мало бара да се пролонгира рокот за креирање веб-страници на која продавниците ќе ги објавуваат цените на производите.

„Имајќи ги предвид тековните околности и предизвици со кои се соочуваат нашите членки во процесот на дигитална трансформација, упатуваме официјално барање до Министерството за економија за продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на оваа обврска. Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект“, велат од Комората.

Од таму истакнуваат дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата.

„Сметаме дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти но највеќе на оние на кои им е најпотребно, а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција. Очекуваме разбирање и соработка од надлежните институции, со единствена цел – градење стабилна и конкурентна економија, во која секој економски субјект има фер можности за развој и напредок“, велат од Комората.

Инаку, трговците од утре ќе треба да ги објават цените на секој производ што го нудат во малопродажба. Оваа обврска не важи само за трговците со помалку од 10 веаботени.

Текстот Трговците бараат продолжување на рокот за објавување на цените онлајн е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top