(Видео) Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул

пред 1 година

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција АФАД.

Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12.49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област што  се наоѓа на 80-ина километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 километри, соопшти АФАД.

Турската телевизија ТГРТ јавува дека едно лице е повредено кога скокнало од балкон за време на земјотресот.

АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.

Текстот (Видео) Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top