На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница

На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница

пред 11 часа

На легендарниот музичар Карлос Сантана му се слошило пред настап во Тексас и итно бил префрлен во болница поради дехидрација, јавува „Си-Ен-Ен“.

Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.

Тој изјавил дека Сантана бил во театарот „Маџестик“ и се подготвувал за настапот кога доживеал инцидент за кој подоцна било утврдено дека е дехидрација.

„Како мерка на претпазливост и за здравјето на Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најразумниот потег“, истакна тој.

Врионис додаде дека на музичарот му оди добро и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио и да ја продолжи турнејата во САД.

Текстот На Карлос Сантана му се слоши пред настапот во Тексас, итно префрлен во болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top