Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Текстот Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија е превземен од МАКФАКС.






