Општина Чаир, денес, во паркот „Украина“ ја организира поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на холодоморот во Украина (1932 – 1933), како и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите.
Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката Лариса Дир, која ја нагласи важноста на пријателството и солидарноста меѓу народите.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, истакна дека овој симболичен чин е доказ за посветеноста на Општината кон промовирање на мирот, историското сеќавање и хуманите вредности.
Текстот Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир е превземен од МАКФАКС.






