Туристичка такса од сега и во Норвешка

Туристичка такса од сега и во Норвешка

пред 22 часа

Норвешките пратеници одобрија воведување туристички данок за да се помогне во финансирањето на надградбите и подобрување на инфраструктурата во време кога земјата доживува вистински туристички бум.

Новиот закон предвидува данок од 3 проценти за сместување, а може да се примени и на крузери што се закотвуваат по должината на брегот, особено во областите погодени од приливот на туристи.

Норвешка минатата година забележа рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони беа странски туристи, според официјалните податоци.

Норвешките фјордови и живописната околина привлекуваат сè повеќе посетители во земјата. Сепак, јавните тоалети и паркинзите се под вистинска опсада од туристи, што често води до конфликти со локалното население.

Средствата собрани од туристичката такса ќе бидат исклучиво наменети за подобрување на туристичката инфраструктура.

Share
Scroll to Top