Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 10 – 12 јуни во Македонскиот народен театар

Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 10 – 12 јуни во Македонскиот народен театар

пред 11 часа

Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 10 – 12 јуни во Македонскиот народен театар, а во организација на Детскиот културен центар – Карпош.

Овој фестивал е единствен од ваков тип кај нас, кој е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и современиот танц, вели директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

Наградата за животно дело оваа година постхумно ќе биде доделена на Ѓорѓи Македонски, основоположникот на балетската уметност во нашата држава.Од оваа година организацискиот одбор на фестивалот едногласно одлучи наградата да биде именувана „Ѓорѓи Македонски“ и истата ќе и биде доделена на Рисима Рисимкин за авангарден претставник во современата танцова едукација и творештво.

Две фестивалски вечери и две работилници посветени на класичниот балет и модерниот танц. Извонредни и талентирани танчери, балерини, уметници… Спој на луѓе кои живеат и придонеле за македонската танцова уметност и оние кои ќе бидат иднината на танцовата уметност. Гости на двете фестивалски вечери ќе бидат балерините при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, гости од Турција ( Istanbul Junior Ballet) и Канада, учество ќе земе и Катедрата за Современ танц и Балетска педагогијa при УГД – Штип, балетско студио Балерина, солисти од Националната опера и балет и секако членовите на балетската секција од Детскиот културен центар – Карпош кои ќе го отворат петтото јубилејно издание на фестивалот.

Статуетките и оваа година се изработени специјално за Фестивалот за класичен балет и модерен танц од M Аrt Gallery, а како поддржувачи оваа година се и Mayo store, а учениците од СУГС „Димитар Влахов“ ќе се погрижат за шминка и фризура на дел од учесниците.

Фестивалот се организира со поддршка на Градот Скопје како и Министерството за култура и туризам на РСМ.

Share
Scroll to Top