Одложен натпреварот Веспрем-Барселона

Одложен натпреварот Веспрем-Барселона

пред 4 години

Дерби натпреварот помеѓу Веспрем и Барселона во Лигата на шампионите е одложен. Барселона се наоѓа во карантин, откако клубот пријави дека по Каспер Мортенсен уште двајца играчи биле заразени со коронавирусот.

Натпреварот помеѓу водечките екипи во Б-групата, требаше да се одигра во среда од 18:45 часот.

Барселона и Веспрем имаат максимален учинок во првите четири натпревари, покрај нив сезонава пораз се уште нема уште само Алборг.

Share
Scroll to Top