Санкционирани 𝟣𝟧𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар минатата недела

Санкционирани 𝟣𝟧𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар минатата недела

пред 12 месеци

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.06. до 15.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.

Текстот Санкционирани 𝟣𝟧𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар минатата недела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top