Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина

Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина

пред 22 часа

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот.

Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви голем текст за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.

„Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините.“

Заедно со неговата сопруга Јелена, тој ја посети Грција неколку пати, со семејни одмори на Крит и Миконос и направи поклонение на Света Гора, која има големо духовно значење за него. Од 2024 година започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза. Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно, безбедно соседство кое е поврзано со природата.

Љубовта на Новак кон Грција не е ограничена само на културата и природата. Тој постојано нагласуваше дека бил трогнат од топлината на луѓето, рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста, духовноста на православието и неговата поврзаност со монасите на Света Гора.

Постојат и практични причини: Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнирите, има одлична медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.“

Во заклучокот на текстот се наведува дека Ѓоковиќ е една од највлијателните личности во светот на спортот.

Текстот Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top