Ѕвездата на „Онли фанс“ спиела со 583 мажи за шест часа: „Toa ми ја зголеми заработката“

Ѕвездата на „Онли фанс“ спиела со 583 мажи за шест часа: „Toa ми ја зголеми заработката“

пред 20 часа

Австралијката Ени Најт, ѕвездата на „Онли фанс“, предизвика бурни реакции откако откри дека спиела со 583 мажи за само шест часа и значително ја зголемила нејзината заработка.

По овој чин, Ени Најт (27) тврди дека нејзиниот месечен приход од OnlyFans скокнал од 200 на 300 илјади долари или повеќе од 275.000 евра месечно.

Најт, поранешен маркетинг менаџер, изјави за news.com.au дека првично заработувала околу 5.000 долари месечно на платформата за возрасни.

Откако била отпуштена поради работа на OnlyFans, таа реши да се посвети на тоа со полно работно време – и тогаш нејзината заработка почнала вртоглаво да расте.

„Кога добив отказ, решив да се обидам сериозно на OnlyFans. Наскоро заработував 30.000 месечно. Во мај минатата година се префрлив на шестцифрени суми“, рече таа.

Од споменатиот „предизвик“ поминаа две години, а Ени денес заработува повеќе од 3,5 милиони долари годишно, поседува четири имоти и вели дека паметно управува со своите пари.

„Имам сметководител, штедам, никогаш не сум била расипничка. Отсекогаш сум размислувала за иднината. Мојата работа ми даде финансиска слобода да правам што сакам, кога сакам“, објаснува таа.

По предизвикот Најт завршила во болница поради крварење и силни болки. Лекарите, како што тврди, веднаш претпоставиле дека симптомите се поврзани со нејзиниот сексуален потфат. Но Најт вели дека проблемите започнале неколку месеци порано и дека се сомневала на ендометриоза.

„Постојано им велев: „Не е од предизвикот, јас имам симптоми од јануари, а предизвикот беше во мај. Тие не ме слушаа“, изјави таа за Us Weekly.

На крајот, лекарите и рекле дека симптомите сепак не се предизвикани од секс: „Само им реков: „Ви кажав““.

Таа изјавила и дека не се кае за ништо што направила и би го направила тоа повторно. Сега нејзината цел е да спие со илјада мажи до крајот на 2025 година. Ени тврди дека на нејзиниот вереник не и пречи.

Share
Scroll to Top