Северна Македонија заслужува членство во ЕУ – Пленковиќ и Мицкоски разговарале по телефон

Северна Македонија заслужува членство во ЕУ – Пленковиќ и Мицкоски разговарале по телефон

пред 11 месеци

Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ, му рекол хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на својот македонски колега, Христијан Мицкоски.

Двајцата разговарале телефонски, а станало збор за понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија, како и за претстојниот Извештај за напредокот и ситуацијата во Југоисточна Европа, информираше Пленковиќ на социјалните мрежи по разговорот со Мицкоски.

Македонскиот премиер соопшти дека телефонскиот разговор бил во пресрет на извештајот на Европскиот парламент.

„Продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме. Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас. Македонија заслужува членство во Европската Унија, но со крената глава“, напиша Мицкоски на Икс.

Текстот Северна Македонија заслужува членство во ЕУ – Пленковиќ и Мицкоски разговарале по телефон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top