Овиедо по 24 години се врати во Примера

Овиедо по 24 години се врати во Примера

пред 13 часа

Овиедо по 25 години се врати во елитниот ранг на шапнскиот фудбал. Во дрматичниот реванш против Мирандес, Овиедо победи по продолженијата со 3:1. Херои на победата на Овиедо се ветераните Санти Казорла и Франциско Портиљо.

Натпреварот не започна добро за тимот од Астурија, бидејќи Аргентинецот Хоакин Паничели во 19-та минута постигна гол за Мирандес и ја зголеми предноста на неговиот тим во вкупниот резултат на 2:0.

Овиедо изедначи од пенал во 39-та минута. Стрелец беше 39-годишниот Санти Казорла.

По паузата, во вториот дел Овиедо тргна за се или ништо. Во 52-та минута Мароканецот Иљас Шаира, позајмениот играш на Џирона го комплетираше пресвртот и го изеначи резултатото во вкупниот скор.

Во регуларниот тек натпреварот заврши 2:1, а во просолженијата во апсолутен херој се претвори 35-годишниот Франциско Портиљо. Тој во 103-та го постигна третиот гол, што значеше и пласман на Овиедо во Примера.

Претходно промоција во Примера изборија Леванте и Елче.

Share
Scroll to Top