Кепа Аризабалага постигна договор со Арсенал и ќе потпише четиригодишен договор.
Аризабалага се уште го држи светскиот рекорд, во 2018 година, Челси на Атлетик Билбао му плати 80 милиони евра.
За ангажман на искусниот голман Арсенал ќе издвои само шест милиони евра.
Кепа, минатата сезона играше за Борнмут како позајмен од Челзи.
Кепа беше позајмен во Реал Мадрид пред Борнмут (играше 20 натпревари), како замена за повредениот Куртоа, но не остана по истекот на позајмицата.
Во Арсенал, Кепа ќе му биде резерва на сонародникот Давид Раја.