Остин Ривс одбил максимален договор со Лејкерси

Остин Ривс одбил максимален договор со Лејкерси

пред 1 ден

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ја одби понудата на франшизата за продолжување на договорот.

Лејкерси му понудија на Ривс 89,2 милиони долари за четири години.

Бекот ја одби таа понуда со надеж дека како слободен агент во летото 2026 година, ќе може да избори побогат договор.

Според „Алетик“, Ривс формално го одбил продолжувањето на договорот. Инаку Лејкерси му го понудиле максималниот договор според важечките правила на лигата.

27-годишникот влегува во третата сезона од неговиот четиригодишен договор од 54 милиони долари, кој го потпиша како ограничен слободен агент во 2023 година.

Менаџерите на Ривс јасно им ставиле до знаење на Лејкерси дека оваа одлука не е резултат на незадоволство, туку стратешки потег бидејќи се очекува кошаркарот да може да добие многу попрофитабилен договор на отворениот пазар во 2026 година.

Таа ситуација веќе предизвика шпекулации за размена пред или за време на драфтот во НБА, што на крајот не се случи.

Претходната сезона беше најдобрата во кариерата на Ривс, во која тој постигнуваше просек од 20,2 поени по натпревар.

Share
Scroll to Top