Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора, откако пукнала гумата на неговиот автомобил, поради што излетал од автопатот.
Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Двајцата се возеле во автомобил „Ламборџини“ кога им пукнала гумата, во момент кога престигнувале друг автомобил.
Возилото излетало од патот, по што завршило во пламен. Несреќата се случила во раните утрински часови, околу половина час по полноќ.
Единицата за итна медицинска помош (УМЕ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од здравствениот центар Момбуј можеле да ја потврдат само смртта на две млади лица на лице место, чиј идентитет го потврдил претставник на цивилната гарда.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола на 182 натпревари. Ја освои Премиер лигата два пати, ФА Купот и два Лига купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Тој одигра 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN