Митровиќ ќе добие 25 милиони од Ал Хилал, а потоа ќе се пресели во Манчестер јунајтед?

Митровиќ ќе добие 25 милиони од Ал Хилал, а потоа ќе се пресели во Манчестер јунајтед?

пред 12 часа

Александар Митровиќ (30), ќе го напушти Ал Хилал, откако стана јасно дека новиот тренер Симоне Инзаги не смета на него за новата сезона.

Неколку саудиски медиуми, потенцираат дека Митровиќ не одигра ниту еден натпревар на клупскиот Мундијал во САД, каде Ал Хилал приреди вистинска сензација во осминафиналето со елиминацијата на Манчестер сити.

Саудијците ќе се обидат да го продадат, но тешко е да се очекува дека ќе најдат клуб кој е подготвен да му ја плати и компензацијата и платата. „Трансфермаркт“ го проценува Митровиќ на 18 милиони евра, а Србинот има годишна плата од дури 25 милиони евра.

Ова значи дека Ал Хилал наскоро би можел да му даде исписница. Со тоа, Митровиќ би станал слободен агент, а од клубот би добил 25 милиони евра како отпремнина бидејќи неговиот договор сè уште има точно една година. Секако, можно е играчот и клубот да се се договорат и да му биде исплатена помала сума.

Неколку клубови со внимание ја следат ситуацијата со Митровиќ. Според некои англиски медиуми, за него е заинтересиран и Манчестер јунајтед. Таму не се задоволни од формата на данскиот напаѓач Рамус Хојлунд.

Митровиќ има богато искуство во Англија. Таму веќе играше за Њукасл и Фулам. Со лондонскиот клуб доминираше во Чемпионшип во кој постигна 43 гола на 44 натпревари, а вкупно постигна 111 гола на 206 натпревари за Фулам.

Во својата кариера, тој играше и за Телеоптик, Партизан и Андерлехт, а постигна 62 гола на 100 настапи за Србија.

Foto/ EPA-EFE/STRINGER

Share
Scroll to Top