Гори близу депонијата во Шутка, огнот се доближува до куќите: ЦУК укажа градоначалникот да биде спремен за можна евакуација на населението

Гори близу депонијата во Шутка, огнот се доближува до куќите: ЦУК укажа градоначалникот да биде спремен за можна евакуација на населението

пред 12 часа

Густиот црн чад кој се издига над Визбегово утрово е од пожар близу дивата депонија во Шутка, извести Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека огнот се шири и во опасност се куќите во близина поради што му  укажале на градоначалникот на Шуто Оризари да биде спремен за евакуација на населението.

„Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен. Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон’ соопшти ЦУК.

Жители од околните населби утрово јавија дека покрај густиот црн чад се слушало и пукање, но за тоа ЦУК се уште нема детали.

Пожарот во Шутка го гасне Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Текстот Гори близу депонијата во Шутка, огнот се доближува до куќите: ЦУК укажа градоначалникот да биде спремен за можна евакуација на населението е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top