Францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни, објави дека Франција, заедно со своите сојузници, го обнови производството на крстосувачки ракети „SKALP/Storm“ за прв пат по 15 години.
„Производството на ракети „SKALP“ за опремување на нашите вооружени сили ќе продолжи во 2025 година, 15 години по нашата последна нарачка“, рече тој на платформата Икс.
Според него, француско-британските ракети испорачани во Украина ја покажаа својата ефикасност во модерните борбени операции со висок интензитет.
„Како заедничко вложување на Франција, Велика Британија, Италија и Германија, MBDA е симбол на водечката европска одбранбена индустрија“, додаде Лекорни, пренесува Танјуг.
Текстот Франција го продолжува производството на крстосувачки ракети SKALP по 15-годишна пауза е превземен од МАКФАКС.






