Apple воведе нова безбедносна функција во најновата бета верзија на софтверот iOS 26.

Нова функција што се тестира може автоматски да го замрзне видеото за време на FaceTime повик ако системот детектира голотија. Функцијата е наменета да ги заштити корисниците од несакано изложување на експлицитна содржина во реално време.

iOS 26 воведува и функција за предупредување за чувствителна содржина, која автоматски ги замаглува голите фотографии и видеа примени преку AirDrop и други апликации, спречувајќи случајно гледање на експлицитен материјал.

Apple, исто така, воведе функција во апликацијата iMessage, достапна во Австралија, која им овозможува на децата директно да пријават дека примаат експлицитни слики или видеа до компанијата, а доколку е потребно, тие пријави можат да се проследат до надлежните органи.

Овие иновации се дел од напорите на Apple за подобрување на приватноста и безбедноста на корисниците, особено на младите луѓе, преку нивна заштита од несоодветна содржина, а воедно и почитување на нивната приватност.