СДС и спорт – два различни света, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и спорт – два различни света, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 12 часа

СДС и спортот се два различни поими и никако не се поврзани. Кога СДС беше на власт, кога ќе се спомнеше зборот спорт, тогаш се мислеше на криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде беше грижата за спортот од страна на СДС, кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа? Под ваша власт, клубовите со вистински успех стагнираа, а тие блиски до СДС беа поим за поддршка. Да не заборавиме на случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Сега сликата е поинаква. Сведоци сме на многу проекти како што се спортска сали во Радовиш, Ново Село, Воената Академија во Аеродром, Расадник во Кисела Вода. Беа изградени спортски центри околу 15тина, во Кавадарци, Неготино, Прилеп, Тетово и други општини низ Македонија. После долг период се откочи и проектот за изградба на пет базени, во Кисела Вода и Ѓорче Петров, и во Кичево, Битола и Штип, кои за 11 месеци ќе го дочекаат летото заедно со младите“, се наведува во реакцијата.

Од таму додаваат дека доделени се и 22 национални признанија на македонски спортисти и 500 стипендии на младите талентирани спортисти.

„Владата пак, го поддржа спортот со рекордни 20 милиони евра кои беа искористени за спортистите и спортските субјекти. Голема е разликата на владеење на СДС и ВМРО-ДПМНЕ и тоа се приметува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот СДС и спорт – два различни света, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top