Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник е загинато за време на трагичен настан.
„Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот“, се истакнува во официјалното соопштение.
За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден, соопштија надлежните.
На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција.
Претходно беше објавено дека денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница бил донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот по престрелка во скопско Батинци.
Текстот Припадник на Армијата загина во трагичен настан во Батинци: MO го потврди случајот е превземен од МАКФАКС.